Ова е чудесен домашен рецепт за природен напиток кој моќно го чисти организмот, го подобрува варењето на храната и ви дава чувство на леснотија.
Потребни состојки
- 500 мл млака зовриена вода
- 1 кафена лажица семе од чиа
- Сок од 1 лимон
- Сок од 1 грејпфрут
- Рендано парче свеж ѓумбир
Начин на подготовка и употреба
Исипете ја водата во тенџере, а потоа додадете ѓумбир и оставете ја водата да зоврие додека се приготвува ѓумбирот (околу 5 минути). Кога водата ќе се излади, додадете ги сокот од лимон и сокот од грејпфрут, чиа семето и оставете ја смесата да отстои дополнителни 15-20 минути.
Консумирајте го напитокот во текот на денот. Овој пијалок е совршен пред да заминете или за време на вашиот летен одмор. Делува како пробиотик, а во исто време го чисти и телото.