Последна слика на Аркан, ПО НЕГО БАЛКАНОТ ПАЃА ПОД ВЛАСТ НА АЛБАНСКОТО ПОДЗЕМЈЕ

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Последна слика на Аркан, ПО НЕГО БАЛКАНОТ ПАЃА ПОД ВЛАСТ НА АЛБАНСКОТО ПОДЗЕМЈЕ

Сè уште не е познато кој е вистинскиот човек кој наредил ликвидација кога на 15 јануари 2000 година, два автомобили застанале пред белградскиот хотел Интерконтинентал околу 17 часот. Драган Николиќ Гаги и Милан Ѓуришиќ Мики, кои претходно и биле познати на полицијата, излегле од Опел Калибра.

Зоран Николиќ Пегла излегол од другото возило, Голф, како и Доброслав Гавриќ, член на Втората чета на Првиот баталјон на белградската полициска бригада. Возилото останало на паркингот, додека тројцата влегле во хотелкиот хол подготвувајќи се да извршат тројно убиство. Имало многу луѓе во холот на хотелот, а Аркан седел во сепаре недалеку од рецепцијата. Тој дошол во хотелот со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителот Звонко Матовиќ.

Додека сестрите, придружувани од Матовиќ, ги разгледувале бутиците, Аркан седел со друштвото во салата. Неколку минути по 17 часот, Гаги и Мики им се придружиле

Тие се ракувале со Аркан, се прегрнале со неговиот пријател Манда и се упатиле кон скалите коишто водат кон хотелските сали за банкет. Гавриќ седнал во другото сепаре, неколку метри зад Аркан.

Една минута подоцна, Гавриќ станал од сепарето. Извадил пиштол ЦЗ 99 од под палтото. Три куршуми ги испукал во Аркан. Куршуми, чаши и шишиња паднале на подот на салата во „Интерконтинентал“, а гостите лежеле на земја. Полицијата пристигнала на лице место веднаш, но не и брзата помош.

Од овој настан, па натаму, почнуваат темелни промени на балканското подземје. Дотогашната власт на едни кланови кои имале и политичка моќ се менува со други, не само во Србија туку и во Бугарија, Грција и Македонија. Се менуваат и политичките власти кои зад себе имаат свои, нови соработници од подземјето. Балканот паѓа под влијане на албанското подземје што ќе предизвика и политички промени во Косово, Србија и Македонија, особено по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ на 15 март 2003-та година и апсењето на Легија и Земунскиот клан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата