МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАЌААТ НАЈСКАПА СТРУЈА споредено со просечната месечна плата

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАЌААТ НАЈСКАПА СТРУЈА споредено со просечната месечна плата

Граѓаните на Македонија плаќаат втора најскапа струја во Европа, доколку се споредува цената на струјата со просечната месечна плата.  На овој графикон може да се видат податоците од анализите и истражувањата на светските агенции во сооднос на цени на електричната енергија и процент од средна плата.

Со овие податоци  паѓаат во вода изјавите на владините претставници, но и владејачката СДСМ, дека Македонија има најниска цена на струјата во цела Европа и затоа не треба да не загрижува покачувањето.

Имено вчера Регулаторната комисија за енергетика  донесе одлука со која цената на струјата се зголемува за 7, 4%. По ваквата одлука јавноста, односно граѓаните, експертите, аналитичарите,  жестоко реагираа на социјалните мрежи.

Одлуката на Регулаторна комисија да ја зголеми цената на струјата е скандалозна, а уште поскандалозно е тоа што владејачката партија не’ уверува дека сме глупи – демек имаме најниска цена во Европа.  За тоа дека имаме најниска цена во Европа, имаше одлични споредби и поенти дека треба да се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. Така споредено излегува дека имаме меѓу најскапа струја во Европа. Образложението на Регулаторна комисија е скандалозно бидејќи се вели дека треба да се покријат загубите на фирмите што се во бизнисот со струјата. Браво мајстори. Од коронавирусот страдаат само фирмите во овој бизнис и сега треба сите ние како граѓани и фирми да ги покриваме!!!????, пишуваат стопанствениците на социјалните мрежи.

На поскапувањето на цената на струјата реагираше и економскиот аналитичар и поранешен советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, укажувајќи дека другите држави за време на криза ги намалувале трошоците за граѓаните.

Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата