После само четири дена брак се скарале, и ИСПИЛЕ ОТРОВ... а еве зошто

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
После само четири дена брак се скарале, и ИСПИЛЕ ОТРОВ... а еве зошто

Тој сакал да готви месо во кујната. А, потоа се скарал со сопругата вегетаријанка и двајцата испиле отров.

Дали карантинот поради пандемијата од КОВИД – 19 ги полуде луѓето или станува збор за моментален испад, во индиската држава Утар Прадеш, во областа Лакимпур, се случи шокантен инцидент.

Нововенчаниот пар се обидел да се самоубие по расправија за видот на храната што сакаат да ја јадат, објави порталот India.com. Гуру Дајал (22) се ожени со Решма (19) на 12 јуни. На четвртиот ден од нивниот брак, испија отров по големата кавга околу готвењето месо. Инцидентот се случил во Исанагар во понеделникот, кога Решма – која е вегетаријанка – го замолила нејзиниот сопруг да готви месо надвор од нивната кујна.

Гуру ја замолил својата мајка да му дозволи да продолжи со готвењето. Бидејќи расправијата ескалирала, парот испил отров. Тие биле спасени од таткото на Гуру, Шивнит, кој ги пренел во болница.

Решма починала во вторникот, додека Гуру е во критична состојба.

Парот се обиде да се самоубие поради готвење не-вегетаријанско јадење во кујната. Сопругата починала за време на третманот, додека сопругот е во критична состојба. „Ние допрва треба да ја земеме изјавата на преживеаниот“ – изјави службеникот на полициската станица во Исанагар, Сунил Синг.

Ова не е прв бизарен инцидент во Лакимпур. Исто така во понеделникот, 40-годишниот Баблу Кумар брутално ја уби својата бремена сопруга по расправија околу филџанот со чај во областа Барбара. Кумар изгубил контрола над себе затоа што неговиот чај имал помалку шеќер. Парот беше во брак 12 години и тие имаа три деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата