Трамп тргна против социјалните мрежи

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп тргна против социјалните мрежи

САД разгледува различни мерки против апликацијата Tik – Tok, вклучително и нејзинa целосна забрана, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Ние го проучуваме Тik – Tok. Исто така може и да го забраниме. А, можеме да направиме и некои други работи“, им соопшти Трамп на новинарите во Белата куќа.

Во неговите претходни изјави, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, не ја исклучува можноста Тik – Tok да биде забранет во Америка, заедно со некои други кинески социјални мрежи, преку кои личните податоци на корисниците можат да стигнат до кинеските власти.

Претставниците на апликацијата „Тик-ток“ изјавија дека тие никогаш не пренеле информации во Кина и немаат намера да го сторат тоа.

Тik – Tok е апликација за правење и гледање видеа, припаѓа на кинеската компанија ByteDance. Создадена е во 2018 година и е водечка апликација за кратки видеа не само во Кина, туку и во целиот свет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата