Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

Американскиот Федерален апелациски суд ја укина смртната казна за Џохар Царнајев, осуден за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година.

Судот со седиште во Бостон, прифати поголем дел од пресудата, но му нареди на судијата на понискиот суд да одржи ново судење кое би се однесувало исклучиво на казната што треба да ја добие Царнајев за делата за кои бил осуден, што може да резултира со изрекување на смртна казна.

Судијата на Окружниот суд О.Роџер Томпсон изнел дека неговиот колега кој го водел судењето направил грешка при изборот на поротници, бидејќи тој не обезбедил одвојување на оние кои можеби биле пристрасни во својата одлука, бидејќи биле изложени на обемни извештаи за нападот и неговите застрашувачки последици.

Томпсон рече дека судијата им дозволил на оние кои „веќе формирале мислење дека Јохар Карнајев е виновен“ да бидат избрани во поротата.

Црнајев е осуден по 30 обвиненија, вклучително и заговор и употреба на оружје за масовно уништување. Тој казната ја издржува во затвор со максимална безбедност во Колорадо. Неговиот брат Тамерлан Царнајев беше убиен во престрелка со полиција неколку дена откако двајцата браќа детонираа две бомби во близина на целта на Бостонскиот маратон. Во нападот на маратонот загинаа три лица, а повредени беа повеќе од 260 луѓе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата