Фирми од Тетово, Гостивар, Струга, Чаир... НАЈМНОГУ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ПАРИ ОД ДРЖАВНАТА ПОМОШ

31.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фирми од Тетово, Гостивар, Струга, Чаир... НАЈМНОГУ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ПАРИ ОД ДРЖАВНАТА ПОМОШ

Владата ги објави фирмите кои ја злоупотребиле државната помош, односно барале и добиле пари за плати од државата ама не им ги исплатиле на работниците.

Конфузија засега предизвикува фактот што Владата објави два документи во ист ден. Во првиот список, кој беше непрегледен пдф-документ имаше барем една фирма повеќе од вториот документ кој освен во пдф (овојпат прегледен) беше објавен и во ексел-формат.

Следниот месец, мај, се зголемил бројот на фирми кои решиле да побараат пари од владата за плати на работниците, за потоа да не им ги исплатат парите. Сепак, според општината во која се регистирани овие фирми, најголем дел од злоупотребите доаѓаат од горе-долу истите места.

Така, „лидери“ се повторно се газдите до Тетово, од каде доаѓаат 56 фирми кои ја злоупотребиле државната помош во мај. Потоа следи Гостивар (27), Струга (22), Скопје-Центар (19), Скопје-Чаир (18) и Куманово (16). Високо котираат и Битола, Кичево, Прилеп Аеродром, Боговиње, Гази Баба и Кисела Вода каде има меѓу 10 и 15 фирми кои ја злоупотребиле помошта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата