Што да прават НЕПИСМЕНИТЕ СО СВОИТЕ ДРЖАВНИ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

31.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што да прават НЕПИСМЕНИТЕ СО СВОИТЕ ДРЖАВНИ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Од 300 илјади граѓани кои ги исполнуваат условите да добијат домашна платежна картичка и да купуваат македонски производи, околу 30-тина илјади уште не можат да ја искористат, иако им следува како помош од државата. Или сè уште не ги подигнале, или не можат да си го активираат ПИН-от, а парите треба да ги потрошат до 15 август.

Вицепремиерката Мила Царовска вчера кажа дека рокот не може да биде продолжен оти е утврден со владина уредба со законска сила, донесена во вонредна состојба. Сега владата веќе нема такви надлежности, а Собранието сè уште не е конституирано и во моментов нема опција како рокот да биде продолжен.

Исправени пред своето основно информатичко непознавање, немање своја електронска пошта, компјутер или смартфон за да си ги ажурираат своите лични податоци во банките, многу граѓани од социјално ранливите категории, се мачат како да дојдат до помошта што им ја даде државата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата