Ако тргате на викенд ВО ОВИЕ ГРАДОВИ ВЕ ЧЕКА ВАКВА КОРОНА

31.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако тргате на викенд ВО ОВИЕ ГРАДОВИ ВЕ ЧЕКА ВАКВА КОРОНА

Околу 320 активни случаи на коронавирусот се регистрирани во туристичките места во земјава, во кои за време на претстојниот празничен викенд, ќе допатуваат и многу скопјани и жители на другите градови во Македонија.

Во Струга има вкупно 449 случаи на ковид-19, а активни се 195, додека во Охрид досега има 272 ,а  активни се 84 лица. Во Дојран има 7 заразени со коорнавирусот. Ова го  покажува најновиот извештај на Институтот на јавно здравје, кој пред малку го објави Министерството за здравство.

Во Крушево досега има 16 случаи, а активни се 9, а во Ресен вкупно има 146, а активни се 32. Во Берово има вкупно 5, а активни се 2 случаи на ковид-19.

Градови во кои до вчера нема активни случаи се Пехчево со вкупно 6 и 0 активни и Валандово, каде досга имало 6, а активни сега се 0.

Ова е целиот преглед по градови:

Скопје 4811, активни 1488
Куманово 1049, активни 246
Дебар 195, активни 108
Штип 820, активни 425
Прилеп 331, активни 53
Тетово 1042, активни 226
Струга 449, активни 195
Велес 220, активни 18
Битола 137, активни 72
Охрид 272, активни 84
Кавадарци 60, активни 43
Гостивар 440, активни 260
Гевгелија 22, активни 11 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица 36, активни 20
Крива Паланка 24, активни 10
Радовиш 29, активни 23
Крушево 16, активни 9
Кочани 99, активни 23
Пробиштип 52, активни 20
Демир Хисар 31, активни 27
Македонски Брод 20, активни 16
Пехчево 6, активни 0
Берово 5, активни 2
Валандово 6, активни 0
Виница 14, активни 10
Делчево 5, активни 4 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 13, активни 7
Свети Николе 222, активни 175
Кичево 157, активни 102
Ресен 146, активни 32
Неготино 25, активни 5 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата