Инцидент во Софија: Демонстрант истурил вода врз жена, а таа го удрила со стап

31.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инцидент во Софија: Демонстрант истурил вода врз жена, а таа го удрила со стап

Сообраќајот во Софија е нарушен поради антивладините протести, кои се одржуваат веќе 23. ден по ред, а денес се случил инцидент кога демонстрант истурил вода врз жена, која потоа го удрила со стап.

Според БТА, жената била лута поради непријатностите предизвикани од протестите. И двајцата биле однесени во полициска станица.

Трет ден по ред се наоѓа шатор кај Орловиот мост на еден од главните патишта во Софија, кој со текот на годините стана симбол на незадоволство од владата, а демонстрантите одбија да се тргнат кога локалните власти се обидоа да ги убедат да го расчистат патот за јавниот превоз.

Полицијата соопшти дека примила голем број поплаки од граѓани, вклучително и лица со посебни потреби, поради нарушеното функционирање на сообраќајот.

Демонстрантите велат дека нема да се тргнат се додека владата и државниот обвинител не поднесат оставка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата