Ангеловска: Доделени се 25,6 милиони евра од првата транша од евтините кредити

31.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ангеловска: Доделени се 25,6 милиони евра од првата транша од евтините кредити

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка на Северна Македонија АД пласирани преку комерцијалните банки.

Како што соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска досега се  доделени 25,6 милиони евра на 105 компании по каматна стапка од 1,6 проценти.

Оваа кредитна линија беше дел од вториот сет мерки на Владата. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициона банка. Државата субвенционира дел од каматната стапка со цел кредитите да може да се понудат преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1.6 отсто.

Компаниите на кои им се одобрени евтините кредити се од секторите: производство, угостителство, транспорт, услуги, трговија и здравство

„Заедно со Ковид 1 и Ковид 2 бескаматните кредитни линии на Развојната банка, во стопанството досега се вбризгани над 38 милиони евра за подобрување на ликвидноста во време на COVID-19 кризата. Со нив се поддржани: 1.436 претпријатија и 16.777 работни места“, вели Ангеловска.

Додава дека преку задржување на ликвидноста на стопанството се осигурува неговото нормално функционирање и се поттикнува економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата