Американски истражувачи снимиле видео кое го прикажува количеството капки кое излегува од устата и носот кога зборуваме, кашламе или киваме. Во видеото е прикажано како различни маски го блокираат исфрлањето на честичките во воздухот споредено со случаите кога личноста не носи маска.
Како што се наведува маските го намалуваат бројот на честички на корона вирус што заразената личност ги исфрла во воздухот, ги штитат другите личности, а се повеќе докази има дека добро ги штитат и лицата кои ги носат. Заклучено е дека дури и еднослојните маски значително го спречуваат исфрлањето на капките, додека во случај на кашлање и кивање многу поефикасни се двослојните маски.