СТРАШНО: Телото на рапер пронајдено распарчено во замрзнувач, УАПСЕНА Е НЕГОВАТА СОПРУГА

31.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАШНО: Телото на рапер пронајдено распарчено во замрзнувач, УАПСЕНА Е НЕГОВАТА СОПРУГА

Сопругата на украинскиот рапер Енди Картрајт – Марина Кокал е уапсена откако распарчаното тело на музичарот било пронајдено во замрзнувач во нивниот стан во Санкт Петербург. Вистинското на Енди Картрајт (30) е Александар Јушко.

Неговата шест години повозрасна сопруга ја отфрла одговорноста за убиство и тврди дека раперот починал од предозирање со дрога.

Во полицискиот извештај се вели дека Марина го исекла телото на нејзиниот сопруг на парчиња, ги измила сите внатрешни органи, му ги посолила и конзервирала екстремитетите и ги чувала деловите во замрзнувачот.

Според непотврдени информации, Марина контактирала со нејзиниот адвокат, објаснила дека нејзиниот сопруг се предозирал и побарала совет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата