Мицкоски: СДСМ НЕМА ПЛАН ЗА ФИНАНСИСКИТЕ УДАРИ кои следат по џебот на граѓаните

30.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: СДСМ НЕМА ПЛАН ЗА ФИНАНСИСКИТЕ УДАРИ кои следат по џебот на граѓаните

Потпишавме еврообврзница, потпишавме кредит од ММФ, секоја аукција на државни записи, ова што требаше да биде наменето за брутален поткуп не го потпишавме. Не можам да се изначудам на тоа што се луферуваше, а се уште е актуелно. Но, се надевам на една нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе се справуваме со предизвиците пред нас, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

Мицкоски посочи дека сега следи една ситуација во која ќе треба да се решаваат многу работи, а за што владата нема план.

-Ни треба општествена мобилизација затоа што не чека лош период. Суштината е таа дека мора сите заедно да се обединиме не како партии, туку општествено за да се справиме со финансиските удари еден е покачување на струја, имаме нова аукција на 39 милиони евра, јас зборувам за макроекономската стабилност, нема план како да се справиме со тоа, посочи Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата