Според извештајот на грчката противпожарна бригада, од вторникот до синоќа во Грција биле регистрирани повеќе од 50 пожари.

Како што пренесува агенцијата АНА, во гаснењето на пожарите учествуваат 556 пожарникари со 232 противпожарни возила, а вклучени биле и авиони и хеликоптери кои го гаснеле огнот од воздух.

Волонтерите исто така им помогнале на пожарникарите.

Надлежните органи ги испитуваат причините за пожарите.

извор: Makfax

Најчитани вести