Блогерката Констанс Хол веќе подолго време пишува остро, јасно и без влакна на јазикот во нејзините објави.
Таа сака да ја гледа реалноста и да провоцира на различни начини, а најмногу се нервира од лицемерие и лажни морали.
Во една од нејзините објави, оваа мајка на пет деца открила дека таа неодамна признала на пријатели, зборувајќи за секс, дека во животот имала повеќе мажи од другите.
- Пребројував сè додека не стигнав до бројот 40 и сега мислам дека имало повеќе од 50. Но, тоа не ме прави курва затоа што тие не постојат. Тие се изговор за слаби лица и досадни луѓе кои не знаат да уживаат во животот. Само затоа што сум била со повеќе од 50 момци, не значи дека сум дроља. Ако овој свет е плетен од лажен морал и тајност на приватниот живот, добро. Не морав да ги откривам тие информации. Гледам дека моите пријатели исто така беа шокирани кога слушнаа, напиша блогерката
Имаше многу реакции на нејзиниот текст, особено од членовите на поубавиот пол кои изгубиле дечковци кога им признале со колку биле пред нив.
- Ја сакам оваа отвореност, благодарам. Последната врска ми заврши кога партнерот сфати дека имам повеќе сексуално искуство од него. Тоа е глупост, машки пораснете еднаш, беше еден од коментарите.
Извесна Натали од Охајо напишала дека спиела со 23 мажи на возраст меѓу 16 и 37 години, додека нејзиниот сегашен сопруг пред неа имал само четири жени.
- Сега се согласуваме многу добро. Отпрвин, му беше тешко да прифати толку голем број, но кога сфати дека за мене тоа е само секс, без никакви емоции, за него беше полесно.