МОЛЕТЕ СЕ ДА СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА: Сопругата на Рајко Дујмиќ се огласи по несреќата

30.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОЛЕТЕ СЕ ДА СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА: Сопругата на Рајко Дујмиќ се огласи по несреќата

Музичарот и поранешен фронтмен на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ бил пренесен во болница, откако со колата ппаднал во провалија.

Добро познатиот хрватски музичар е сериозно повреден во сообраќајна незгода што се случи во Равна Гора во пределот на Горски Котар. Поради тоа неговата сопруга Снјежана Дујмиќ се огласи на Фејсбук и објави дека музичарот е во кома.

- Ве молам, молете се да се разбуди од кома - напиша Снјежана Дујмиќ на својот Фејсбук профил, а како што пренесуваат некои хрватски медиуми, таа наводно го видела сопругот во болницата.

 

Како што потврдија во полицијата, несреќата се случила околу 17:15 часот кога Дујмиќ излетал од патот со автомобилот и завршил на падината на бездната. Според првите информации, причината за несреќата по која Дујмиќ заврши во билница е пребрзо воозење.

Дујмиќ бил однесен со брза помош во болницата во Сушак. Тој е сместен во одделението за единицата за интензивна нега.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата