Лајчак: Денешната средба Србија-Косово ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СЕОПФАТЕН ДОГОВОР

30.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лајчак: Денешната средба Србија-Косово ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СЕОПФАТЕН ДОГОВОР

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, оцени дека денешната средба на стручните тимови во Брисел е „уште еден важен чекор“ во процесот на дијалогот и најави продолжување на разговорите на крајот на август.

- Денешната средба на експертско ниво во дијалогот Белград-Приштина беше уште еден важен чекор во процесот кон сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Нашата работа ќе продолжи кон крајот на август, напиша Лајчак на Твитер.

Стручните екипи на Белград и Приштина ги предводат директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ и косовскиот координатор за дијалог, Скендер Хисени.

Ова е втора средба на експертско ниво откако претставници на Белград и Приштина се состанаа во Брисел на 23-ти јули на разговори околу прашањето за исчезнатите и раселените лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата