Како Слободан Милошевиќ СЕ СПАСИ ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА РЕЗИДЕНЦИЈАТА

30.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како Слободан Милошевиќ СЕ СПАСИ ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА РЕЗИДЕНЦИЈАТА

Авион на НАТО пред 18 години со проектили јаа уништи резиденцијата на тогашниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, на Ужичка 15 во Белград.

Две бомби на НАТО беа фрлени на резиденцијата на Милошевиќ, па дури и неговиот кабинет беше срушен со земја.

По бомбардирањето, се покажа дека Милошевиќ и неговото семејство не биле во резиденцијата во моментот на нападот, туку во стан на улицата Душанова во Белград, за кој знаеле само неколку луѓе од војската и безбедносното раководство.


За време на бомбардирањето на НАТО, Милошевиќ најмногу се криеше во засолништата на Тито во Белград и Бор. Пред сè, во вилата на Дедиње, „Мир“, која има скриени простории 70 метри под земјата.

Второто засолниште кај Бор, на локација сè уште непознато за општата јавност во тоа време, е изградено во 1979 година за потребите на тогашната југословенска народна армија (ЈНА) и има и големи подземни магацини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата