Таа 72 а тој 19 години – се венчале и ТВРДАТ ДЕКА ИМААТ ОДЛИЧЕН С*КС

30.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таа 72 а тој 19 години – се венчале и ТВРДАТ ДЕКА ИМААТ ОДЛИЧЕН С*КС

Врската на 19-годишниот Гери Хардвик и 72-годишната Алмеда започнала најнормално, на состанок во една пицерија, а она што сите луѓе кои ќе ги видат ги шокира е нивната разлика во годините.

Алмеда е постара од Гери дури 53 години, но на парот тоа воопшто не му смета.

“Првата работа која ме привлече кај Алмеда се нејзините прекрасни сини очи и нејзината личност. Таа е секогаш полна со хумор и одлично се разбираме. Хемијата помеѓу нас е силна, сè во врска со неа го освои моето срце уште првиот ден”, признал Гери.

Новопечениот пар решил да се венча по само 2 недели врска, а денес живеат во Тенеси и се посреќни од некогаш.

“Сега сум среќно венчана и веќе 2 години живеам со мојата сродна душа. Се запознавме во ресторан на роденденска забава, се погледнавме и јас се заљубив. Знаев веднаш дека тој е мажот со кој сакам да го поминам животот. Годините во ниту еден момент не ми претставуваа проблем”, рекла Алмеда.

Парот чекал до првата брачна ноќ за да има секс и велат дека не се разочарани.

Повеќето луѓе гледаат со негодување на нивната врска, вклучувајќи го и синот на Алмеда кој го прекинал контактот со неа од денот кога таа го запознала Гери. Нејзините внуци исто така тешко ја прифатиле нивната врска на почетокот, особено Арон кој е 3 години постар од Гери.

Извор: точка.ком.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата