Утрово по инициран налог од Генералниот секретаријат биле префрлени 32 милиони денари кон банките за прифатените приговори.

Како што информираше министерката за финансии, Нина Ангеловска, во  текот на денешниот и утрешниот ден, банките ги стават на располагање на домашните платежни картички на граѓаните.

Од разгледаните 46.000 приговори, 9.200 беа прифатени од кои: 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и 2.700 вработени лица со низок доход.

Со денешната префрлена сума од прифатените приговори вкупно се исплатени 28.3 милиони евра.

Заклучно 25-ти јули беа издадени над 300.000 картички во износ од 26 милиони евра, од кои 20 милиони евра потрошени за купување домашни производи и услуги.

Со картичките се направени 1.5 милиони трансакции до 25-ти јули.

извор: Makfax

Најчитани вести