Вечерва физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз

27.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вечерва физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз

Од очевидци на настанот дознаваме дека вечерва, околу 19.30 пред поликлиниката Чаир е физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз. Причините за нападот, засега, не ни се познати, а Агим Јонуз пишува колумни во порталот Вечер и е критички настроен кон актуеланата власт.

Според очевидците Агим Јонуз сам се одбранил од напаѓачите така што едниот е неутрализиран од негова страна, а другиот потоа избегал од местото на настанот. Случајот не е пријавен во МВР затоа што “таквите работи се решавале според чаирски правила“ велат очевидците на настанот.

Очекуваме повеќе детали во текот на утрешниот ден лично од Агим Јонуз

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата