ФИЛМ НА СМРТТА: По снимањето на овој филм 92 ЧЛЕНА НА ЕПИПАТА УМРЕЛЕ ОД РАК!

26.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИЛМ НА СМРТТА: По снимањето на овој филм 92 ЧЛЕНА НА ЕПИПАТА УМРЕЛЕ ОД РАК!

Познато е дека се случува при снимање на филмовите некој да го загуби животот но, никогаш во историјата не е забележан друг случај на масовна смрт од снимање филм како во случајот со снимање на филмот Освојувач, за легенадарниот Џингис Кан. По снимањето на овој филм 92 членови на филмската екипа - умреле од рак!

Филмот Освојувач е сниман во 1954 година. Главната улога, Џингис Кан, му била доверена на исто така славниот актер Џон Вејн, а главната женска улога на Сузан Хејворд, која ја играла татарската принцеза. Продуцент бил контраверзниот милијардер Хауард Хјуз која одбрал локација за снимање на филмот во степите на држава Јута кои по својата конфигурација одговарале на пределите од Монголија.

Тоа бил фатален избор. Имено, Локацијата била во близина на пустините во Невада каде се вршеле проби со атомско оружје, силно контаминирана и радиактивна од прашината која налегнувала на тлото од атомските експлозии. Во тоа време опасноста од радиокативната прашина била малку позната во јавноста и никој од екипата не ставил забелешка за таа опасност.

По снимањето на филмот од рак умреле и двајцата главни актери, Џон Вејн од рак на белите дробови, а Сузан Хејворд од рак на мозокот, како и уште 90 членови на филмската екипа.

Продуцентот Хауард Хјуз бил шокиран од последиците, платил тогаш големи 12 милиони долари да ги откупи сите копии од филмот кој, додека тој бил жив, бил забранет за емитување. Со тешко чувтство на вина и скршена совест Хауард Хјуз завршил со психички проблеми. Филмот го видела јавноста, без забрана, дури по смртта на Хауард Хјуз.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата