Уште еден КЕЦ ЗА ДУА ЛИПА... (видео)

25.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште еден КЕЦ ЗА ДУА ЛИПА... (видео)

Откако се истрача со статус за Голема Албанија на својот Инстаграм, каде што реакциите беа нималку пријатни по неа, со што доби и единица (или кец) за елементарно непознавање на историски факти, Дуа Липа повторно бранува по социјалните мрежи овој пат за културолошко непознавање на традиции на земји кои граничат со нејзината Голема Албанија.

Гостувајќи во емисија кај Шон Еванс во емисијата "Hot ones", во која познати личности јадат лути крилца и одговараат на прашања, дала скандалозен одговор за омилената храна.

Кога водителот ја прашал кој албански деликатес би требала да го проба пред да умере, Дуа веднаш одговорила Ајвар. А потоа почнала да објаснува како се подготвува:

- Тоа е смеса од печени пиперки, се прави во тегла, луто е, убаво оди со се! Со јајца, тост, со пита од спанаќ, кој е уште еден албански специјалитет – рекла.

Во следниот кадар во емисијата, додека таа зборува за овој специјалитет, е слика од ајвар на која пишува – Лесковачки ајвар.

Контрадикторната изјава можета да ја видете во 17 минута на видеото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата