Апасиев: ВМРО, Беса, Алијанса и ДПА имаат шанса да формираат влада! АНТИКОРУПЦИСКА!

24.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Апасиев: ВМРО, Беса, Алијанса и ДПА имаат шанса да формираат влада! АНТИКОРУПЦИСКА!

Лидерот на Левица  во вечарашното гостување во емисијата „Само интервју“ изјави:

- ВМРО има шанси да направи влада со Алијанса, БЕСА и ДПА! Ова е само моја хипотеза, и таа влада би се нарекла АНТИКОРУПЦИСКА!

Ова се најнерегуларните избори од историјата во Македонија. Пред историјата е масовен поткуп. Никој не го зборува тоа што со нашиот изборен законик, забранети се секакви вонредни исплати за време на предизборниот период, а такви кај нас имаше милиони. Техничката влада ја злопутреби вонредната состојба“.

Според него, искеширани се 10 милиони евра директно кај граѓаните и 100 милиони евра плус околу.

„Ова беше масакар, а не избори. Само луд човек можеше да организира избори во сред пандемија“, додава Апасиев.

Според неговите зборови, Левица за само 600 гласови немала пратеник од ИЕ4 и за 900 гласови не добила уште еден пратеник во ИЕ2.

„ДУИ и СДСМ се мајстори за крадење избори, особено ДУИ во последните два часа ги краде и така ни е украден еден пратеник во ИЕ2, таму се полнат кутии“, изјави Апасиев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата