На 23.07.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред фирма на ул.„Скупи“, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу О.Б., И.Б., М.М. и М.М.М., вработени во фирмата, од една страна, и М.Ш. со неколку други лица, од друга страна. Според пријавеното, во физичката пресметка биле користени тврди предмети, а во еден момент О.Б. испукал еден куршум во воздух, по што го вперил пиштолот кон М.Ш.. При пресметката, со тешки телесни повреди се здобил М.М., констатирани во болницата „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најчитани вести