Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 383 случаи на инфекција со коронавирус, а починаа 13 лица.

Во болниците има 4.662 пациенти, од кои 177 на респиратори.

Тестирани биле 9.183 лица.

Досега, вирусот е потврден кај вкупно 19.717 жители во земјата, а направени се над половина милион тестови односно 524.578.

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека овој голем број е резултат на протестите кои неодамна се одржаа во Белград и во неколку други српски градови.

„Ова зголемување на бројот на заразени лица е последица на протестите што ги имавме, сега ја плаќаме цената за тоа. Ова е очекувано за мене, па затоа е и полесно да ги прифатам ваквите бројки. Во Белград беше нешто постабилно, но вчера и денеска има пораст на бројките. Ситуацијата се влоши во последните два дена и реално е дека наскоро повторно ќе забележиме пад на бројот на заразени бидејќи најголем процент на заболени има во Белград. Причината за мојот оптимизам е тоа што граѓаните се дисциплинирани, ги почитуваат сите мерки и ги слушаат апелите на Кризниот штаб“, рече Брнабиќ.

извор: Makfax

Најчитани вести