Направи 200 операции за да личи на Кен, а сега стана Барби (ФОТО)

16.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Направи 200 операции за да личи на Кен, а сега стана Барби (ФОТО)

Познатиот човечки Кен, Родриго Алвеш, пред неколку месеци изјави дека всушност целиот свој живот се чувствува како жена, а сега повторно шокира. Од Кен по 200 операции, сега стана Барби.

Имено, тој повеќе од 11 пати го оперирал носот, па сега едвај дише. Покрај операциите, Родриго одлучил да го промени и своето име, а сака и да се оствари како родител, пренесуваат странските медиуми.

-Се развив како личност и човечко суштество. Се родив како трансродна жена. Отсекогаш знаев дека сум жена, си играв со кукли и бев во контакт со својата женска страна. Потребно е да се сакате себеси. Сега би сакал да имам дете и да бидам со некој кој би ме прифатил ваков каков што сум, изјавил Алвеш и додал:

“Треба да направам уште две или три операции за да ја завршам трансформацијата. Потоа, се колнам, ќе престанам со пластичните операции”.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата