Унгарија ги откажа прославите и огнометот закажани за националниот празник на 20 август поради пандемијата на коронавирус, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гулијас.

Унгарија ги укина повеќето ограничувања што ги воведе за да го спречи ширењето на коронавирусот во мај. Концерти и фестивали на кои има повеќе од 500 луѓе нема да можат да се одржуваат до 15 август.

На прославата на 20 август обично присуствуваат десетици илјади луѓе во Будимпешта.

„Бројот на заразени лица постојано опаѓа од почетокот на мај“, рече Гулијас.

„Мерките што ги воведовме се добри и не треба да ризикуваме“.

Гулијас рече дека владата ќе одлучи кон крајот на јули дали ќе дозволи да се одржуваат големи настани од втората половина на август.

Унгарија во неделата најави нови ограничувања на граничните премини, додека случаите на инфекција растат во некои соседни земји, како и на Балканот. Случаите на активно заразени опаѓаат од мај.

Унгарија, која има население од околу 10 милиони, има пријавено 4.279 случаи на зараза со Ковид-19 и 595 смртни случаи.

извор: Makfax

Најчитани вести