Медиумите од Германија пишуваат дека Себастијан Фетел започнал разговори со екипата на Рејсинг Поинт за евентиално да им се приклучи во сезоната 2021-ва.

Тимот управуван од канадскиот бизнисмен Лоренс Стролд ќе го промени своето име во Астон Мартин следната сезона, а Фетел би требал да биде првата голема ѕвезда во тимот. По напуштањето на Ферари и постепено затворање на позициите во другите екипи, Себастијан Фетел нема многу опции. Фернандо Алонсо ќе дојде во Рено, Валтери Ботас го продолжи договорот со Мерцедес и тешко е да се верува дека овој тим ќе го отпушти Луис Хамилтон. Исто така, Ред Бул ги затвори вратите за враќање на Фетел, така што сега една од опциите е Рејсинг Поинт.

Според „Билд“, тој имал разговори со Лоренс Строл, иако неодамна првиот човек на тимот, Отмар Шауфнер, изјави дека тие ќе сметаат на Серхио Перез и Ленс Строл кои имаат долгорочни договори.