Екс вардаровиот фудбалер Јован Костовски се реши да стапне на „лудиот камен“. Поранешниот репрезентативец имаше романтично запросување на својата драга личност, и тоа над црквата Свети Канео во Охрид.
Ова за Костовски ќе биде втор брак.
Инаку што се однесува до ангажманот, Костовски моментално е слободен агент, но Етникос Ахна му понуди нова соработка, за која голгетерот треба да се изјасни дали ја прифаќа, или ќе се реши да бара друг ангажман.