Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот ги одложи Олимписките игри во Токио за следната година. Сепак, сè уште има голем прашалник за тоа што ќе се случи следното лето, бидејќи ситуацијата во Ковид-19 не се смирува.

Едно од сценаријата е да имаме ЛОИ без присуство на публиката. Ова е веројатно најлошото сценарио, полошо и од самото откажување на Игрите, бидејќи такво нешто досега не се случило.

Дека постои таква можност потврди и претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах , иако напомена дека се работи таа опција да се избегне.

„Безбедноста е главната грижа на организаторите во Токио“, откри Бах. „Олимписките игри зад затворени врати се очигледно нешто што никој не го сака. Ние работиме на решение кое од една страна го штити здравјето на сите, а од друга страна го одржува олимпискиот дух”, заклучи Бах.

Олимписките игри во Токио се закажани за 24 јули до 9 август 2021 година.