Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријeвиќ ја заокружи сезоната во шпанската АЦБ лига со уште едно признание.

Овој пат, во избоот на ТОП 5 на најубави „тројки“ кои ги направи неговиот тим Хувентуд, Нено се најде на првото место за најдобра „тројка“ во сезоната.

Станува збор за трите поени кои Димитријевиќ ги постигна на средбата со Тенерифе.