(ВИДЕО) Села и Гаши: Го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција

16.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Села и Гаши: Го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција

Зијадин Села и Африм Гаши одржаа заедничка прес-конференција како претставници на коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата.

„Победуваме убедливо во ‘шестката’, во многу од општините таму. Почнувајќи од Гостивар, Неготино, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, изедначено е во Теарце“, рече Села.

Неговите очекувања се дека ќе победат и ќе влезат во преговорите за влада.

„Во Втората изборна единица водиме, мислам дека првпат го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција. Во Куманово убедливо победуваме и сме пред ДУИ и уште ги собираме резултатите“, рече Села.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата