Порто е нов шампион на Португалија откако вечерва го победи Спортинг со 2:0 и така стекна недостижна предност во однос на второпласираната Бенфика (осум бодови) на две кола до крајот на првенството.

Стефан Ристовски беше во стартниот состав на Спортинг на овој дуелот кој почна фуриозно, во 12. секунда неговиот соиграч Андраж Шпорар погоди но голот му беше поништен поради офсајд. Во 12 минута и фудбалерот на Порто Луис Диаз го совлада гостинскиот голман меѓутоа судијата го поништи голот поради претходна игра со рака на играчот на „змејовите“.

Мрежите мируваа се до 64. минута. Тељес асистираше, а Данило Переира со глава го погоди голот на Спортинг. Во 90 минута Муса Марега ги постави конечните 2:0.

Судијата свирна крај и потоа почна славјето на домашната екипа. За Порто тоа е прва титула по сезоната 2017/18, а вкупно 29. во Португалија.