Некогашниот бугарски државен првак во борење и освојувач на многу одличја од меѓународна сцена Николаи Штерев синоќа почина како последица од коронавирус.

Тој извесно време бил хоспитализиран, а неговото тело не ги издржало нападите на вирусот.

Штерев беше пријател на македонското борење и многубројните активнисти на овој спорт во нашата земја тагуваат денеска поради смрта на својот драг пријател и колега.