Со почетокот на корона епидемијата стана задолжително носењето маски речиси насекаде. Во продавница, во банка, во трговски центар, на пазар, па дури и во автомобил доколку не се возите сам во возилото
Голем дел од возачите се навикнаа маските да ги оставаат на автомобилот за да им бидат веднаш при рака кога ќе влезат во возилото.
Но, лекарите предупредуваат дека тоа е лоша навика бидејќи постои опасност од други врсти на инфекции.
Се штитиме од Ковид но сите носиме и микроорганизми кои остануваат на маските и повторно можат да се вдишат, советува д-р Предраг Кон.