Сончево време со умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17, а максималната од 24 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со минимална температура до 13 и максималната до 29 степени.