Градоначалникот на Ница изјави дека жали за непочитувањето на мерките, особено физичката дистанца и организирањето на забави на брегот на градот во последните денови. Тој најави дека поради таа причина маските ќе бидат задолжителни на слични отворени забави во иднина.
Забавата беше организирана од локален музичар, а собра неколку илјади луѓе, каде мерките против коронавирус генерално не се почитуваа. Франција во моментов се плаши од доаѓањето на вториот бран на епидемијата на коронавирус.
- Жалиме што овие правила не се почитуваат доволно, напиша градоначалникот Кристијан Естроси на Твитер.
- Отсега ќе биде задолжително да носите маска во Ница за сите организирани настани, додаде тој. Секој што присуствува на затворени настани, како што се концерти, веќе мора да носи маска.
VIDEO - Une foule immense à Nice pour voir le Dj The Avener et des gestes "barrière" peu respectés. Notre article => https://t.co/T9D2cKLtfD pic.twitter.com/ciE882x4HO
— France 3 Côte d'Azur (@F3cotedazur) July 12, 2020
Градските власти инсистираа на тоа дека максималниот број од 5.000 луѓе не може да се надмине на ниту еден јавен собир во Франција, дури и во област во која може нормално да се сместат до 36.000 луѓе.
Фотографот на АФП изјави дека густината на луѓето е нешто поголема, но се должи на фактот дека тие барале подобро место за слушање музика, затоа што квалитетот на звукот не е ист насекаде.
Владиниот портпарол Габриел Атал вели дека контроверзниот собир на илјадници луѓе може само дополнително да ја нагласи потребата луѓето да бидат што е можно повнимателни, дури и ако сегашната стапка на инфекција останува ниска.
The Avener's gig yesterday night in Nice.
— Atomic Blond 💥 🐾🇨🇵 🐾 (@JennyLETELLIER) July 12, 2020
"Of course I thought about people's health, but life has to be back, and we gave all security recommendations..."
No words. pic.twitter.com/5sT41px7R6
- Французите поминаа низ тешки времиња во карантин, сакаат да излезат, но само затоа што се излегува не значи дека ќе ги заборават тие правила, рече Атал за БФМ-ТВ.