Перуанскиот напаѓач Џеферсон Фарфан после 13 месеци заигра за Локомотива Москва и постигна гол. Овој искусен играч прво заздравуваше долго време поради тешка повреда, само што се врати заболе од КОВИД-19 па го победи вирусот, па се врати на терените и на првиот меч погоди.
Влезе во 70 минута на дуелот со Уфа и десет минути подоцна ја затресе мрежата на противникот за конечни 1:1.