ФОТО: Index.hr

Динамо и Хајдук на „Максимир“ го одиграа мечот од 34. коло во хрватската Прва лига, а сплитската екипа победи со 3:2. Херојот на гостите беше младинскиот репрезентативец Марио Чуиќ кој ги постигна првите два гола сезонава во најсилната хрватска лига. Се чини во вистински момент. Фудбалерите на Хајдук играа добро, во поголем дел од мечот беа подобри меѓутоа поради свои глупости примија два гола, па потоа се вратија на колосек.

Лука Иванушец донесе предност за „модрите“ од 1:0 во 13. минута, а во 22 минута Хајдук имаше супер шанса за изедначување која не ја искористи. Капитенот на Динамо Аријан Адеми играше со рака во својот шеснаесетник и судијата Бебек покажа пенал. Сепак, Чакташ промаши цел гол.

Во 31 минута изедначи младиот Марио Чуиќ. Во 45 минута втор жолт картон доби Амир Гојак, па Динамо во вториот дел од мечот играше со десет фудбалери. Хајдук беше доминантен во првиот дел, а се очекуваше така да биде и во вториот со оглед дека имаа фудбалер повеќе.

Но „модрите“ поведоа. Мислав Орсиќ го погоди голот на Посавец во 61. минута. А сплитскиот тим, сепак, ги освои бодовите на „Максимир“ првпат по февруари 2018 година. Чуиќ со својот втор гол донесе водство на Хајдук, а во 86 минута Теофил-Катерин си постигна автогол за огромна радост на Хајдук.

Динамо е шампион на Хрватска, а Хајдук и покрај победата остана на разочарувачкото пето место на табелата кое, сепак, води во квалификациите за Лига Европа.