ЕВЕ КАКО СДСМ ВРШИ ИЗМАМА НА ГЛАСАЧИТЕ, ве тераат да го поништите сопствениот избирачки глас!

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕВЕ КАКО СДСМ ВРШИ ИЗМАМА НА ГЛАСАЧИТЕ, ве тераат да го поништите сопствениот избирачки глас!

СДСМ прави обид на најизмамнички начин, со лажно претставување и налози да ги наведе гласачите на ВМРО ПДМНЕ да направат грешка со кој се поништува гласачкото ливче на кое тие гласале за бројот 14, бројот на ВРО ДПМНЕ.

Имено, во форма на порака, флаер наводно од партијата ВМРО ДПМНЕ, СДСМ ги повикува гласачите на ВМРО ДПМНЕ покрај заокруживање на бројот 14 да го шкртнат зборот Северна од името на државата. Тоа наводно им било задача и обврска од партијата! Но, штом шкртнат било што на гласачкото ливче, освен заокружување на бројот 14, ливчето ќе се смета за неважечко и гласот за ВМРО ДПМНЕ нема да се брои.

Докази, во текот на денот, за оваа измама и диверзија на СДСМ во однос на изборниот процес и слободната воља на гласачите видовме во повеќе примери. Еве и уште еден, СМС порака која СДСМ Струга ја праќа до своите членови со налог на социјланите мрежи да ја шират оваа измама преку социјалните мрежи.

Важно е секој кој има воља и намера да гласа за ВМРО ДПМНЕ да не наседне на оваа измама, да го заокружи на гласачкото ливче бројот 14 и ништо друго, за да не биде гласот поништен.

Државната изборна комисија и обвинителството мора час поскоро, уште рано сабајле во понеделник, да покренат постапка за оваа измама и лажно претставување и наведување на гласачите кое има битно влијание врз вољата на граѓаните и нивниот став во однос на изборите. ДИК мора да изјасни и со соопштение до сите гласачи да не наседнуваат на ваквите измами на СДСМ.

Заокружи 14, и рабтате со гласањто е завршена. Без шкртања и било какви допишувања на гласачкото ливче. А после изборите законот ќе се примени за сите кои учествувале врз оваа изборна измама.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата