Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ повторно постигна погодок во дресот на Анталија во турската Супер лига. Вечерва ја погоди мрежата на Аланија во 22 минута. Синик нафрли, а Јаховиќ со глава на првата статива реализираше погодок. Тоа е 16-ти погодок на македонскиот голгетер сезонава, а петти во дресот на Аланија.