Ваљадолид игра против Барселона и моментално каталонците водат со 1:0 со голот на Артуро Видал. Во составот на каталонската екипа е и Антоан Гризман, францускиот голгетер кој сезонава е буквално непрепознатлив. Иако Барса плати многу пари да го донесе на „Ноу Камп“ тој го бележи најголемиот пад во кариерата. Потврда за тоа е ова неверојатно промашување. Едноставно напаѓач за кој клубот дава богатство не смее да му се случува ова.