КОРОНАВИРУС СЕ ПОЈАВИЛ ПРЕД 7 ГОДИНИ ВО КИНА: Рудари се заразиле со сличен вирус на Ковид-19

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРОНАВИРУС СЕ ПОЈАВИЛ ПРЕД 7 ГОДИНИ ВО КИНА: Рудари се заразиле со сличен вирус на Ковид-19

Истрагата открила дека трагата на коронавирусот постои седум години наназад откако рударите кои работеле во рудник полн со лилјаци и стаорци, во Кина, се разболеле, а нивните примероци биле испратени до Вухан на тестирање.

Кинеските научници откриле вирус сличен на Ковид-19 пред седум години, но тие наводно молчеле за тоа по избувнувањето на пандемијата, пренесуваат странските медиуми.

Истрагата на „Сандеј тајмс“ наведува дека вирусот најблизу до новиот коронавирус е откриен во напуштен рудник во 2013 година, а примерокот е однесен во лабораторијата за вирусологија во Вухан.

Според истрагата станува збор за рудник за бакар со лилјаци и стаорци во југозападна Кина.

Наводно, шест мажи се заразиле во 2013 година со висока температура, кашлица и пневмонија откако работеле во рудникот, а двајца починале.

Останатите четири биле тестирани и се покажало дека се позитивни за коронавирусни антитела.

Светската здравствена организација (СЗО) изврши притисок врз Кина да ги испита тврдењата дека вирусот би можел да потекнува од лабораторија во Вухан.

Патем, Институтот е најголемата лабораторија за заразни болести во светот и наводно извршил експеримент со висок ризик во обид да открие што може да предизвика пандемија, пренесуваат странските медиуми.

Сандеј Тајмс пишува дека стотици примероци од коронавирус биле собрани од далечените делови на Кина и биле вратени во градот на тестирање.

Сепак, институтот во Вухан вели дека овие експерименти биле одложени затоа што не биле доволно блиску до САРС.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата