ЕВЕ ЈА ЦЕЛАТА ЛИСТА НА КРИВИЧНИ НА БОКИ: ЦЕЛА ФАМИЛИЈА ЗАЕВИ И ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ (ДОКУМЕНТИ)

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕВЕ ЈА ЦЕЛАТА ЛИСТА НА КРИВИЧНИ НА БОКИ: ЦЕЛА ФАМИЛИЈА ЗАЕВИ И ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ (ДОКУМЕНТИ)

Со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, Боки 13 од Шутка потврди дека кривичните пријави ги поднесува против политичари од власта. Во писмо до јавноста кое што го прочита неговиот адвокат Сашко Дуковски, Јовановски вели пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, кои се дел од актуелната власт, луѓе од нивните семејства и блиски до нив, како и бизнисмени.

Се пожали и дека тој и неговото семејство цело време добиваат уцени и закани, од оние кои според неговите зборови знаеле дека ќе заработат кривични пријави.

-Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот. Но, повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела, изјави Дукоски.

На социјалните мрежи се објавуваат документи на кои се напишани имињата на лицата за кои се тврди дека Боки 13 поднел кривични пријави. Исто така е наведено кои лица треба да бидат повикани на сослушување:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата