(Видео) Тинејџери снимале видео за ТикТок и пронашле човечки тела во вреќи

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Тинејџери снимале видео за ТикТок и пронашле човечки тела во вреќи

Властите во Сиетел идентификуваа остатоци од две лица, кои беа пронајдени од страна на тинејџери додека снимале кои минатиот месец снимале видео за на ТикТок.

Жртвите се 35-годишната Џесика Луис и 27-годишниот Остин Венер, кои се застрелани неколку дена пред да бидат најдени нивните тела. Член на нивното семејство рекол дека тие двајца биле заедно со години, пренесува Си-ен-ен.

Речиси една недела откако биле застрелани жртвите, тинејџерите ги пронашле нивните тела во вреќи на плажа во Сиетел и веднаш повикале полиција, а потоа објавиле видео на ТикТок.

„ Драго ние што е објавено видеото. Децата пронашле вреќи на плажа кои имале непријатен мирис и веднаш повикале надлежни служби. Полицијата стигнала на лице место за еден ипол час и утврдила дека се работи за човечки остатоци“ рекол детективот Марк Џејмисон.

Истрагата е во тек.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата