Заев со лажната Грета ЌЕ ГО ЗАТВОРАЛ АЕРОДРОМОТ, авионите загадувале (ВИДЕО)

8.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев со лажната Грета ЌЕ ГО ЗАТВОРАЛ АЕРОДРОМОТ, авионите загадувале (ВИДЕО)

Заев пред Грета Тунберг се согласува дека Макрон е ужасен човек и ветува деа , ќе ги затворел аеродромите затоа што многу загадуваат

Руските пранкери Вован и Лексус откако го измамија Заев во разговорите со лажниот Порошенко сепак успеале да го измамат и како малата Грета, иако од пр-от на Заев се пофалија дека успеале да го спречат тоа.

Покрај тоа што Заев се согласува со мислењето на Грета за Макрон и населувањето на мигранти, тој се согласува и да се затворат аеродромите затоа што авионите многу загадувале.

Грета Тунберг: Да можеби треба да започнеме со аеродромите. Знаете ли колку аеродроми имате во државата.

Зоран Заев: Што колку? Аеродроми?

Таткото на Грета Тунберг: Да

Зоран Заев: Два. Имаме еден во нашиот главен град и друг во нашето познато туристико место Охрид со нашето најстаро езеро заштитено од Унеско.

Грета Тунберг: Мислам дека треба да затворите некој од аеродромите за да се намалат јаглеродните емисии.

Зоран Заев: Во ред, тоа е исто така добра идеја. Да зошто да не. Зошто да не. Секоја идеја е добро да се разработи имплематицијата и да се има добри резултати од тоа. Имаме само два аеродрома, немаме повеќе, но ние сме мала земја. Овде во регионот имаме многу ародроми.

Таткото на Грета Тунберг: хахаха, Грета стоп, мигрантите така нема да можат да дојдат во Северна Македонија.

Зоран Заев: Да, хахаха. Но мора Грета да не посети нас. Како ќе дојде Грета до нас?

Таткото на Грета Тунберг: мислам дека тоа е поважно.

Зоран Заев: Да се согласувам

Грета Тунберг: мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните......од нашата земја. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме помали економски стандарди во споредба со западните стандарди во Европа, но менаџираме заедно. Хуманиот третман е многу важен. Бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија туку и од Авганистан од некои афрички држави.

Грета Тунберг: да, а на мигрнтите им треба вдомување, референси да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Многу добро. Грета голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Северна Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата