УЖАС! Возач во ЈСП НАПАДНАТ СРЕДЕ ВОЗЕЊЕ во Ѓорче Петров

8.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЖАС! Возач во ЈСП НАПАДНАТ СРЕДЕ ВОЗЕЊЕ во Ѓорче Петров

На 08.07.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, З.Р.(49) од с.Волково, скопско, вработен како возач на автобус во ЈСП Скопје, пријавил дека на 07.07.2020 околу 22.30 часот, додека управувал градски автобус од нас.Хром кон нас.Ѓорче Петров, на ул.„Ѓорче Петров“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.З.(22) од Скопје.

По преземени мерки А.З. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата