ВАКА ИЗГЛЕДАШЕ УПАДОТ ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ (ВИДЕО)

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАКА ИЗГЛЕДАШЕ УПАДОТ ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ (ВИДЕО)

Демонстрантите, кои се собраа вечерва пред Домот на народното собрание, го пробија полицискиот кордон и влегоа во холот на Парламентот.

Група демонстранти вечерва успеа насилно да влезе во холот во Домот на Народното собрание на Србија, предводена од независниот пратеник Срѓан Ного. Полицијата успеа да ја избрка масата но Ного остана во Собранието.

Протестот против воведувањето полициски час започна вечерва околу 20 часот и беше претежно мирен. Сепак, кратко време по 22 часот, група демонстранти започнаа со насилното однесување. Некои се искачија по скалите и насилно со фрлање на бакљи тврди предмети се обидоа да влезат во собранието

Толпата извикува пароли против владата и донесените мерки. Демонстрантите наводно се револтирани против мерките на Владата, кои беа донесени за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19.

Полицијата цело време се обидува да ја смири ситуацијата. Вечерва група студенти тргнаа од Студентски град во Нов Белград кон центарот со цел да им се придружат на собраните кои веќе два и пол часа протестираат на улица.

Тие ја обвинија владата дека е одговорна за епидемиолошката состојба во земјата и дека сега воведува рестриктивни мерки заради влошената состојба. Сепак, тие не наведоа што предлагаат.

По кратко време, полициските службеници успеаја да ги отстранат демонстрантите од холот на парламентот. Сепак, повеќето не се откажуваат од протестот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата